| четврток, 6 декември 2018 |

Наполи постигна три гола, но не победи (видео)

SSC Napoli vs Cagliari Calcio

Тимот на Наполи денеска на свој терен не успеа да извојува победа и да ја продолжи серијата на победи играјќи само 3-3 со Калјари. Иако избраниците на Рафа Бенитез кои важеа за фаворити на овој натпревар, на двапати водеа (2-0, 3-2) не успеаја да го задржат водството и да ги освојат трите бода, кои многу ќе им значеа во борбата за титулата.
Сепак и со овој бод Наполи остана на третото место на табелата со 22 бода, девет помалку од Јувентус и шест од Рома.
Наполи добро го отвори натпреварот постигнувајќи два гола за високо водство од 2-0 преку Игуанин во 11 и Инлер во 30 минута. Калјари не се предаде и успеа да полувремето да го намали резутатот на 2-1 преку Ибарбо во 38 минута.
Во вториот дел шок за навивачите на наполитанците. Фариас по само две минути игра успеа да го израмни резултатот, и да создаде уште неколку шанси за целосен пресврт. Сепак Наполи повторно дојде во водство со голот на Де Гузман во 62 минута. Радоста на домаќините кратко траеше бидејќи повторно Фариас беше кобен по голот на Наполи во 67 минута со што го постави конечниот резултат.

Во останатите денешни натпревари се постигнати следните резултати: Торино – Сасуоло 0-1, Чезена – Сампдорија, Наполи – Калјари 3-3, Парма – Емполи 0-2, Удинезе – Кјево 1-1, Верона – Фиорентина 1-2.

Вечерва со почеток од 20.45 часот на Сан Сиро во Милано се игра големото градско дерби меѓу Милан и Интер.


Goal Higuain – Napoli 1-0 Cagliari – 23.11 by VideoRE


Gokhan Inler Fantastic Goal ~ Napoli 2-0… by rubin7190


Victor Ibarbo Goal ~ Napoli 2-1 Cagliari ~ 23… by rubin7190


Diego Farias Goal ~ Napoli 2-2 Cagliari ~ 23/11… by rubin7190


Jonathan De Guzman Goal ~ Napoli 3-2 Cagliari… by rubin7190


Diego Farias Second Goal ~ Napoli 3-3 Cagliari… by rubin7190

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top