| четврток, 6 декември 2018 |

Сè повеќе германци џихадисти се борат во Сирија

Jihad / SyriaВо борбите во Сирија и во Ирак досега загинале околу 60 германски државјани кои биле дел од муџахедините од Исламска држава, соопшти началникот на Федералната служба за заштита на Уставот  (германското контраразузнавање) Ханс-Георг Маасен во интервју за весникот „Велт ам зонтаг“. Според последните проценки на страната на Исламска држава има  над 550 германски исламисти.

-Околу 60 од нив „биле убиени или се самоубиле“, бидејќи најмалку девет извршиле самоубиствени напади, а 180 се вратиле во Германија, посочи Маасен.

Слично како и во другите западноевропски земји и Германија се мачи да ја запре радикализацијата на младите муслимани, од кои некои заминуваат во Сирија и во Ирак за да станат џихадисти. Припадниците на германското контрараузнавање стравуваат дека овие млади луѓе може да се вратат и да организираат терористички напади на германска територија.

-Бидејќи Германија е дел од коалицијата против Исламска држава, таа е природна цел за приврзаниците на радикалната исламска групка, како и за Ал Каеда, предупреди Маасен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top