| четврток, 6 декември 2018 |

Ханка Палдум го исфрли од дома синот наркоман

ханка 
Босанската пејачка Ханка Палдум деновиве се соочува со животна драма поради нејзиниот проблематичен син Мирзад Бркиќ (29) кој пред неколку дена беше уапсен со хероин, во интервју за српските медиуми открила детали за долгогодишната борба со зависноста на нејзиниот син.

– Проблемите започнаа кога се врати од Германија. Не можам повеќе. Уморна сум. Мирзад го исфрлив од дома. Душата ме боли за тоа но немам друг избор – изјавила 58-годишната кралицата на севдахот.

Сараевската пејачка изјавила дека иако се трудела своето дете да го изведе на прав пат тоа никако не и поаѓало од рака.

– Уште се борам но сега не сакам да го видам се додека не отиде пак на лечење. Мирзад не е злато од дете и свесна сум за тоа. Но тој има свои квалитети и син ми е. Го сакам – изјавила Ханка.

Во почетокот на 2014 година Мирзад издрогиран од амфетамини со својот џип прегази три жени на автобуска станица и тешко ги повредил, а судот тогаш му одреди задолжително лекување. Неговата мајка го испрати во Германија на клиника за одвикнување.

Таа вели дека кога бил во Германија не правел никакви проблеми и , но кога се вратил во Сараево поради некоја девојка тој ја изгубил главата и почнале проблемите. Тие постојано се карале и се смирувале. Иако пејачката вели дека се обидувала да биде строга сепак ништо не помогнало и не можела да допре до својот син. Таа инсистира тој да оди на лекување но тој не го сака тоа и затоа дошле во голем конфликт по што го избркала од својот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top