Обезбедувањето сопственост врз својот имот на секој граѓанин е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е вклучено во секоја од програмите на кандидатите за градоначалници од партијата и од коалицијата „За подобра Македонија“, рече Славе Трпевски на денешната прес-конференција.
Благодарение на Законот за легализација на дивоградбите, 360.000 семејства во утврдениот рок од 6 месеци до општините поднесоа барање за легализација на нивните објекти по цена од 1 евро за метар квадратен.
– Во оваа 1,5 година беа отворени сите 360.000 предмети. За 40.000 кои беа комплетирани, градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ донесоа решенија за легализација кои веќе се спроведени во Агенцијата за катастар на недвижности и сега 40 илјади граѓани веќе можат слободно да располагаат со својот имот, да го надградуваат, да го продаваат, да го наследуваат, да го дадат под закуп или да го заложат со цел да почнат бизнис – истакна Трпевски.
Во новиот мандат секој од кандидатите за градоначалник, зависно од бројот на предметите, има точно дефиниран рок во кој ќе треба да ги реши сите предмети за легализација, а со тоа и граѓаните во најбрз можен рок да ги остварат своите законски права.
Според Трпевски, општините веќе почнаа со електронско поврзување со Агенцијата за катастар на недвижнини со што ќе се обезбеди забрзан процес за комплетирање за документи за преостанатите 320.000 предмети за легализација. Овој проект беше на барање на граѓаните и во соработка со единиците за локална самоуправа, а се со цел побрзо и поефикасно решавање на предметите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.