
Индустриската зона во Кратово, еден од крупните инфраструктурни проекти финансиски поддржани од Владата, ќе биде готова до средината на 2015 година, најави во Кратово вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски.
Тој вчера по средбите со градончалникот Мите Андоновски и советниците во Општината најави дека следните две години ќе бидат години на поинтензивни инвестиции во инфраструктурата на кратовската општина.
– Индустриската зона во кругот на фабриката „Иднина-Змеј“ треба да биде готова до средината на следната година. Таму ќе може бизнисмените да инвестираат во нови погони и да отвораат нови работни места. Со градоначалникот и советниците разговаравме за можноста за изградба на паркинг и градски пазар и тука ќе обезбедиме финансиска поддршка. Се изготвуваат проектите и очекувам до крајот на следната година да имаме реализација. Исто така, спортската сала во училиштето „Кочо Рацин“ е еден од приоритетите на Владата, очекувам во 2015-та таа да влезе во програмата и да почне реализацијата. Наскоро ќе заврши изградбата на фудбалското игралиште, а секако има и други проекти кои општината ги реализира, така што следните година-две ќе бидат години на поинтензивен економски развој и поинтензивни инвестиции во инфраструктурата на општина Кратово – рече Ставрески.
Градоначалникот Андоновски покрај веќе завршените проекти во општината, најави отпочнување на нови инфраструктурни зафати.
– Оваа година, благодарение на помошта од Владата, асфалтиравме и изградивме неколку локални патни правци во селата Трновац, Туралево, Вакав и Шопско Рударе. Во селото Каврак асфалтиравме 3,2 километри пат за да ја поврземе општината Кратово со општина Пробиштип и браната „Злетовица“. Следната година ќе продолжиме со изградба на нови патни правци, како и други инфраструктурни проекти, за кои обезбедивме финансиска поддршка од Владата. Секако, ќе бараме и други извори на средства како ИПА фондовите за меѓугранична соработка, донации од амбасади, Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, со цел пред граѓаните да го реализираме тоа што сме го ветиле, рече Андоновски.
Вицепремиерот Ставрески присуствуваше и на завршетокот на работите на сананцијата на свлечиштето во Кратово, проект за кој Владата одвои 58 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Груевски ја посети индустриската зона Прилеп 1: Дветте нови фабрики тука ќе обезбеди над 1 500 работни места
-
Интензивно се работи на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1 (ФOTO)
-
400 парцели за „Купи куќа за млади“ во општина Аеродром
-
Со пари од Светска банка се доуредува индустриската зона во Прилеп


