| четврток, 6 декември 2018 |

Разликата остана иста, Јувентус и Рома со победи во 12.коло (видео)

SS Lazio vs Juventus FC

Јувентус повеќе од убедливо го совлада тимот на Лацио сред „Олимпико“ во Рим со 3-0. Овој натпревар требаше да биде дерби, но „старата дама“ функционираше беспрекорно и не дозволи никакво изненадување. Цели десет години најдобриот тим во Италија нема загубено првенствен натпревар во Рим.
Така беше и вечерва, а избраниците на тренерот Алегри максимално сконцентрирани влегоа во мечот. Пол Погба го отвори резултатот уште во 24 минута по додавање на Карлос Тевез. Токму Тевез беше стрелец на вториот гол и тоа 55 минута од натпреварот, додека конечните 3-0 ги постави денеска двојниот стрелец и најдобар играч на натпреварот Францускиот репрезентативец Пол Погба во 64 минута.
Во 70 минута играчот на Јувентус Падоин заработи црвен кратон. Иако со 10 играчи Јувентус не дозволи, Лацио да постигне барем почесен погодок.


Lazio 0 – 3 Juventus – Serie A (22-11-2014) by latestgoalsforyou

Пред овој натпревар на Лацио и Јувентус, Рома со целосен резултатски пресврт успеа да слави со 2-1 во натпреварот во Бергамо против незгодниот тим на Аталанта. Бодовната разлика остана иста бидејќи и двата водечки тима на таблета извојуваа победи.
Рома беше шокирана уште во првата минута кога Моралес успеа да ја затресе мрежата на „Римската волчица“.
Во неубедлив натпревар кој брзо ќе се заборави, а само резултатот ќе се памти Рома успеа да дојде до трите бода со целосен пресврт со головите на Љаиќ и Најнголан во 23 и 42 минута. Домаќините во вториот дел со сите сили се обидуваа да дојдат барем до бод, но во тоа не успеаја.


Atalanta vs Roma 1-2 All Goals [22_11_2014… by YTMediaOne

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top