| четврток, 6 декември 2018 |

БРАВО за Металург, голема победа во „Борис Трајковски“

Иако десеткувани, однапред отпишани, раскарани, не исплатени играчите на Металург смогнаа сили и после добро познатите настани во клубот успеаја да победат во шестото коло од Лигата на шампионите против шпанскиот тим Ла Риоха со 29-28.

metalurg-4

Оваа победа е чиста како солза полна со емоции кај сите симптазири на ракометот на Македонија. Со само една постава и со неколку блиц измени Мојсо, Ренато и другарите издржаа и докажаа дека се играчи на кои сигурно мора да се смета во секој тим.

metalurg-9

Бековскиот тандем искомбинира дури 21 гол. Мојсовски даде 11, а Вугринец 10 голови. Иако видно изморени и натпревар одигран во грч со многу грешки на почетокот нападот фунционираше беспрекорно, а одбраната поради премалата ротација на играчи имаше дупки кој успешно ги затвори голманот Митревски во вториот дел и нанижа 11 одбрани.
Публиката ја исполни салата „Борис Трајковски“ ги бодреше во текот на целиот меч од се срце, а на крајот со громогласен аплауз и песна ги испрати во соблекувалните.
Со оваа победа Металург ги заджра шансите за пласман во осминафиналето.
Следниот натпревар го игра истотака на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ против Мешков Брест следниот викенд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top