| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Реисот ги навреди чувствата на Македонците-муслимани

gruevski

Најмалку е значајно што Реисот Сулејман Реџепи го навреди  ВМРО-ДПМНЕ, многу е голема и важна неговата јавна навреда на чувствата на граѓаните Македонци со муслиманска вероизповед, изјави премиерот Никола Груевски, во своето гостување во дневникот на „Сител“.

Груевски оваа колумна ја нарече голема грешка.

– Македонците со  муслиманска вероисповед постоеле многу одамна. Многу пред ВМРО-ДПМНЕ. Јас го почитувам Реисот, ние сме комуницирале во дијалог и сме решавале многу прашања. Кон него имам почит како кон лидер на верска заедница. Но тоа што тој го направи е најмалку значајно што е навреда и клевета за ВМРО-ДПМНЕ, туку е навреда на чувствата на Македонци со муслиманска вероисповед. Тој се претстави како партиски, политички лидер, а треба да е верски лидер. За него сите граѓани од било која верска исповед треба да имаат иста почит. Сите да ги гледа со исти очи. Тој има висока доза на етнички национализам кој е очигледан. Не води тоа кон добро, испраќа лоши пораки – рече Груевски.

Премиерот сепак посочи дека се надева дека Реисот ќе ја исправи грешката и ќе им се извини на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top