Во последното коло од групата Б до ракометната Лига на шампионите во женска конкуренеција македонскиот шампион ЖРК Вардар води на полувреме со 12-10 на гостувањето кај Турнигер.
Вардарки тргнаа за Германија со една цел, да се вратат со три бода кој многу ќе им значат во понатамошната фаза во која ги пренесуваат бодовите од првата група.
Иако играчки ослабени без неколку првотимки во тимот, и со последната повреда на првиот играч Андреа Лекиќ избраничките на Индира Кастратовиќ ги одиграа најдобрите 30 минути во досегашниот дел од сезоната.
Сепак „црвено-црните“ лошо го започнаа мечот и се до 15 минута беа во негатива. Од тогаш па се до крајот на полувремето заиграа црвста одбрана со препознатливата Ина Суслина на голот и со неколку брзи контра напади успеаја да дојдат до предност од два гола разлика, која се надеваме дека ќе ја задржат и ќе слават на гостувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


