| четврток, 6 декември 2018 |

Звезда загуби по две продолженија, Вилијамс со нов рекорд во Евролигата (видео)

Црвена звезда во рамките од шестото коло од кошаркарската Евролига загуби на гостувањето во Истанбул против Галатасарај по две продолженија со 110-103.

Neptunas Klaipeda vs Crvena Zvezda Telekom Belgrade

Натпреварот изболуваше со одлични потези благодарејќи на расположените играчи во двата табора. Црвена Звезда го контролираше натпреварот се до последните моменти кога Зоран Ерцег со шут од преку десет метри им донесе на своите соиграчи од Галатасарај продолжение. И по првите пет минути од одигрувањето натпреварот беше нерешен, но во второто продолжение Аројо со смирена игра и со последните атоми од силите успеа да извојува победа со неколку тројки во самиот финиш.

Натпреварот помина во тензична атмофера бидејќи пред самиот почеток дојде до физичка пресметка меѓу навивачите на двата тима, во која е избоден до смрт еден навивач на „делиите“.
Маркус Вилијмс кој е најдобриот играч на Црвена Звезда оваа сезона успеа да направи рекорд со дури 17 додавања (15 во регуларниот дел) до своите соиграчи. Зоран Ерцег беше најефикасен на овој натпревар со 32 поени, а зад него од тимот на Галатасарај се истакна Карлос Аројо со 26 поени. Кај гостите од Белград Лука Митровиќ постигна 30 коша, а Бобан Маријановиќ додаде 23.

Ова е втор рекорд оваа година во Евролигата по оној на играчот на Фенребахче Ендрју Гудалок кој постигна 10 тројки од 13 обиди и стана рекордер по бројот на постигнати поени за три на еден меч.

Резултати:

Жалгирис – Реал Мадрид 66-68, Галатасарај – Црвена Звезда 110-103 (по две продолженија), Сасари – Нижни Новгород 82-89, Уникаха – Цедевита 82-73.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top