| четврток, 6 декември 2018 |

Интерпол објави список на најбарани лица во светот за прекршоци врз животната средина

b4893101-f9e4-4fdb-8223-c5835fad2829-bestSizeAvailable

Меѓународната полициска агенција Интерпол ја објави листата на најбарани лица во светот за извршени злосторства против животната средина.

За злосторства против животната средина се смета илегалната трговија со слонова коска, незаконско сечење дрва, лов и илегален риболов.

На прво место на списокот на Интерпол се наоѓа Ахмед Камран, за кого се тврди дека платил за транспорт на пет живи жирафи и африкански антилопи импала. Животните биле транспортирани со воен авион од меѓународниот аеродром Килиманџаро во Северна Танзанија до Катар. Во Катар африканските животни се особено популарни како домашни миленичиња на богаташите.

На второ место е Кениецот Дејсал Мохамед Али, што според Интерпол е најголем трговец со слонова коска во светот. При претрес на неговиот имот полицијата откри 314 парчиња слонова коска со вкупна тежина од 2 тони.

Интерпол и Програмата за заштита на животната средина на ОН во заеднички извештај претходно годинава наведуваат дека недозволената трговија и останатите прекршоци врз животната средина на сторителите им носат приход меѓу 70 и 213 милијарди долари годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top