| четврток, 6 декември 2018 |

Ватикан стравува дека папата може да биде нападнат со дрон

vatikan

Обезбедувањето на поглаварот на Римокатоличката црква стравува дека некои верски фанатици би можеле да го убијат папата Франциск со дрон, сличен на оној што албанските навивачи го пуштија на стадионот во Белград.

Припадниците на обезбедувањето велат дека не стравуваат од теористичките организации Ал Каеда или ИСИС, туку од фанатици кои сакаат да станат „маченици“ или да влезат во историјата по злосторство.

Обезбедувањето вели дека обичен дрон би можел да го загрози папата, на пример, кога сред плоштадот Свети Петар во Ватикан излегува меѓу насобраните верници. Доволно е дронот да понесе тежина од два килограми, колку што е тешка една солидна бомба, и со него прецизно да се управува на далечина од половина километар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top