| четврток, 6 декември 2018 |

На Локвенец приоритет му е битката со невработеноста

Кандидатот за градоначалник на СДСМ најави дека ќе има социјални станови, стипендии за најдобрите ученици, помош за пензионерите, за самохраните мајки, а вети и гасификација на Прилеп и намалување на комуналните такси и јавните давачки

Приоритет на кандидатот за градоначалник на Прилеп од коалицијата „Сојуз за иднината’ Хари Локвенец ќе биде битката со невроботеност и со сиромаштијата. Тој синоќа ја претстави својата програма.

– Имаме многу паметни и учени млади луѓе. Во програмата имам решенија за невработените педагози, доктори, правници, економисти. Приоритет мора да бидат новите работни места во реалниот сектор. Мора да ги искористиме природните ресурси: имаме мермер, плодна земја, сонце, Мариово како најголем ресурсен центар, силна прехранбена индустрија и јака суровинска база. Ќе се формира координативно тело за развој на земјоделството – рече Локвенец.

lokvenec

Општината ќе биде сојузник на малото стопанство, а Прилеп град на претприемачи.

– Ќе основаме општински центар за изучување занаети, даночни олеснувања за занаетчиите, ќе основаме бизнис старт-ап центар, ќе ги помогнеме малите семејни бизниси, ќе основаме Фонд за изготвување европски проекти, рече Локвенец.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ најави дека ќе има социјални станови, стипендии за најдобрите ученици, помош за пензионерите, за самохраните мајки, а вети и гасификација на Прилеп и намалување на комуналните такси и јавните давачки, нови училишта, бесплатна ужина, центар за дневен престој за учениците, четири нови градинки…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top