Светската здравствена организација (СЗО) денеска прогласи крај на епидемијата на ебола во Демократската република Конго бидејќи веќе нема лица со симптоми на болеста.
Епидемијата на ебола во Конго не е поврзана со појавата на болеста во Западна Африка.
Во Конго се регистрирани 49 смртни случаи од ебола од вкупно 66 заразени лица.
Сите случаи се регистрирани во северозападната провинција Екватер, соопштија високи претставници во Конго минатата недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.