Израелските сили за безбедност спречиле обид на припадниците на палестинското движење Хамас за атентати врз високи израелски функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Авигдор Либерман.
Специјалните служби на армијата и полицијата соопштија дека група членови на Хамас подготвувала терористички напади врз високи функционери на Израел.
Борците планирале напад со минофрлач врз автомобилот на Либерман, кој е единствениот израелски министер, кој живее на Западниот брег.
Против припадниците на Хамас се покренати обвиненија за заговор за убиство со предумисла и трговија со оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.