| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Спектакуларно шоу во Буенос Аирес, гореше „Ла Бонбонера“

Фантастична атмосфера, како и секогаш кога играат против Ривер плата, приредија навивачите на Бока јуниорс на легендарниот стадион „Ла Бонбонера“ во Буенос Аирес.

Едно од најголемите фудбалски дербија на планетата мина во извонреден амбиент, спектакл како што доликува на ривалитетот на двата клуба, а разочараа фудбалерите. Натпреварот заврши без голови, но ќе се памети спектакуларното шоу што го приредија, пред сѐ, симпатизерите на Бока јуниорс.

Погледнете како изгледаше почетокот на вечното аргентинско дерби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top