| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонскиот премиер го распушти Парламентот

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска го распушти Долниот дом на јапонскиот парламент, со цел вонредните избори да се оддржат на 14 декември, по само две години откако тој се врати на власт.

Абе се надева дека со предвремените избори ќа ја засили својата позиција, пред евентуално влошување на неговиот рејтинг, кој во моментов, според некои анкети, е под 40 проценти, но сепак е стабилен за јапонските стандарди.

Датумот на предвремените избори, ќе биде одреден официјално денеска, на владина седница.

Абе дојде на власт со ветување дека ќе ја заживее економијата, но сомнежите во ефикасноста на неговата политика се засилија откако статистиката покажа дека земјата западна во рецесија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top