Себеси се претставува како чесен човек и угледен господин, познат активист, журналист и пред сè, македонски патриот.
Ристо Димовски е бизнисмен и повеќе од 40 години живее и работи во Австралија, а веќе неколку пати бил спонзор и член на жири на изборите за убавина во Македонија.
Пред неколку години, Димовски беше гостин во емисијата „Клуб ин“ на Мелита, каде што зборува за своето искуство со овие избори.
Пред два дена, организаторката на Мис на Македонија, Лидија Велковска, го претстави како новиот организатор за овој избор, за само еден ден подоцна да се покае и да каже дека лиценцата останува кај неа бидејќи се сомнева дека Димовски соработува со агенции што се занимаваат со елитна проституција.
Денеска, пред камерата на „Република“, Димовски не избираше зборови за да го опише нивното „долгогодишно пријателство“, на прес-конференцијата околу „Мис на Македонија“, избор за убавина кој се претвори во мегдан за тоа кој кон кого може да упати погнасни навреди, пцовки и обвинувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)