– Лидија Велковска, нема да ја наречам госпоѓица бидејќи не е, таа е единствената проститутка тука, таа среде ноќ ми дојде во станот во Охрид, спиеше со мене за 2.400 евра. Таа е манипулатор каков што Македонија досега не видела, ни ќе види – со овие и уште полоши зборови бизнисменот Ристо Димовски им се обрати на медиумите на денешната прес-конференција по повод сите случувања деновиве околу организацијата на „Мис на Македонија“.
Димовски, кој себе се нарекува познат активист, новинар и македонски патриот и веќе 4 децении живее и работи во Австралија, неколку пати бил спонзор на вакви слични манифестации. Пред неколку дена, организаторката на „Мис на Македонија“, Лидија Велковска, го претстави Димовски како нов организатор на овој избор, за веќе следниот ден, во друго соопштение да се огради од оваа изјава и соработка, поради „основан сомнеж дека тој ќе соработува и со агенции кои се занимаваат со елитна проституција“.
Димовски бил изненаден од овие обвинувања бидејќи, како што вели, иако знаел дека Велковска се служи со лаги, наивно ѝ верувал и решил да ѝ помогне кога таа побарала помош од него за организирање на овогодинешниот избор. Тој најави дека планира на суд да бара правда, иако нема писмени докази бидејќи парите на Велковска секогаш ѝ ги давал на рака или во кревет.
На прес-конференцијата се обрати и модниот менаџер Мики Црнокрак, кој сакаше да ги демантира гласините кои Велковска ги упати кон него и неговата модна агенција „Црнокрак“. Тој рече дека со избори за убавина се занимава уште од 1991 годин, поседува 70 лиценци за разни интернационални избори, на кои девојките кои ги испратил често се враќаат со по неколку титули, додека оние на Велковска никогаш не влегле во финале.

Црнокрак ја обвини дека на „Мис на свет“ таа секогаш нѐ претставува како ФИРОМ.
Циркузот околу изборот на „Мис на Македонија“ за „Мис на светот“ почна кога Велковска, која ја поседува оваа лиценца, за изборот побарала помош од Димовски и од Црнокрак. Во два дена бил организиран изборот, а на половина вечер таа на жирито им доделила соопштение дека тоа не е избор за мис, туку само уште еден кастинг за избор на најубава Македонка, но за следната година. Имено, претходно до организацијата на „Мис на светот“ испратила барање оваа година поради недостигот на средства да не се испраќа македонска претставничка, а одговорот дека тоа барање е прифатено го добила на денот на изборот.
„Република“ се обиде да добие реакција на овие обвинувања од Велковска, но досега таа не одговори на нашите повици за разговор.
Видеото од целата прес-конференција може да ја погледнете на „Република.ТВ“.
фото: Aлександар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


