Вардар го реализира трансферот на Хорхе Македа, а десниот бек на шпанската репрезентација ќе пристигне во редовите на македонскиот вицешампион во јануари со договор до 2017 година. Нант чиј член моментно е Македа ќе добие отштета за предвремено заминување на извонредниот ракометар.
Република го најави трансферот уште во март годинава, а се очекува Вардар налето следната година да се засили со уште најмалку двајца врвни ракометари со цел да се атакува на европската круна во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



