| четврток, 6 декември 2018 |

Театар Комедија се приклучува на „Мувембер“

teatar komedija1
Театар Комедија се приклучува на „Мувембер“. Претставата „Чувството на брадата“ утре ќе се преименува во „Чувството на мустаците“ и сѐ заради битката за машкото здравје.
Педесет отсто од заработувачката на претставата ќе оди во прилог за „Мувембер“, акција за подигнување на свеста за машкото здравје.
– За публиката ќе бидат обезбедени и подароци, симболични, затоа што и овој чин за подигање на свеста и собирање средства со цел подобрување на здравјето кај мажите. Земете оружје( карта) на билетарата на Театар Комедија и дојдете на ултимативната битка против сите напаѓачи на машкото здравје – велат од Театар Комедија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top