СВР Скопје-Единицата за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде М.Ѓ.(47) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело “посредување во вршење проституција”. Во периодот од 28.06 до 14.10.2014 година, пријавениот откако се запознал со оштетената ја ангажирал за делење рекламен материјал и по сексуален однос со неа, почнал да ја уценува дека има снимки и ја принудувал да имаат сексуални односи. Подоцна ја вработил во негов колонијал и врз основа на закани дека ќе ги покаже видео снимките од сексуалниот чин на нејзините блиски, а воедно прикажувајќи и дека ќе ја заштити од трето лице кое има намера да ја грабне и силува, во наведениот период со употреба на сила и сериозни закани ја врбувал и поттикнувал да дава сексуални услуги на клиенти, во стан кој бил во сопственост на неговиот брат.
За услугите, соопшти денеска МВР, биле наплаќани парични средства во висина од 1.000 до 2.000 денари. По извесно време, кога оштетената сакала да се откаже од давањето сексуални услуги, пријавениот физички ја нападнал нанесувајќи ѝ повреди по целото тело.
Настанот од страна на оштетената е пријавен во СВР Скопје по што се преземени сеопфатни мерки и активности и врз основа на судска наредба од Основен Суд Скопје 1 извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени повеќе докази и тие се одземени за понатамошна постапка.
Инаку, претходно против М.Ѓ. се поднесени повеќе кривични пријави во врска сторени кривични дела „тешка кражба“, „тешка кражба во обид“, „измама“, „силување“, „фалсификување пари“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Проститутката која ширеше сида е уапсена, но најлошите вести допрва стигнуваат: Не се знае кој се е заразен!
-
Уапсена е проститутката која ширеше сида по Србија: Полицијата ја пронајде мигрантката
-
Грабеж во маркет во Ѓорче: Едниот крадел, другиот чувал стража и го тепал вработениот
-
Исповед на загрепска проститутка: Мојот живот после повеќе од 1 000 муштерии