| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на загрепска проститутка: Мојот живот после повеќе од 1 000 муштерии

Скоро 20 години работев како проститутка. Никогаш тоа не го посакав или oдбрав, едноставно кога влегов во тие води како тинејџерка, потоа беше многу тешко да излезам, ја започнува својата животна приказна една загрепчанка за хрватскиот магазин Експрес.

Ситна жена, во своите рани 50-ти години, ја опишува репортерот, не изгледа како некој што повеќе од две децении се бавел од најстариот занает. Вели млада ги загубила двајцата родители, па се заљубила во едно момче.

– Неговиот брат и снаа се бавеа со подведување. Јас бев со своите тинејџерски години, заљубена и немав поим од ништо во животот. Таа жена ме научи како се заработува со своето тело, за разбира, за нејзина корист. Искрено, воопшто не се ни сеќавам на првите муштерии. Имав повеќе од илјада и се што сакам е што побрзо да ги заборавм тие искуства.

– На почетокот секоја вечер излегував на улиците. Не ги мразев муштериите, туку тие што на тоа ме натераа по месеци убедување. Скоро сите пари кои ги заработував, морав да му ги давам на мојот макро, раскажала таа.

Додава дека со таков почеток на сексуалните искуства во животот, не можела а да не почне да го мрази чинот.

– Не можев да го сакам. Иако ги бирав муштериите сама, со кој сакам, а со кој не сакам, не може да го сакате сексот со младост како мојата. Како и работата на таксисите, некоја вечер ќе имате многу муштерии, некоја само неколку.

За секс вели наплатувала од 30 до 100 евра, во зависност од тоа што се барало и колку таа ќе проценела дека муштеријата можел да плати.

– Имаше и редовни клиенти, но и незгодни искуства. До 25 години, имав се на се околу 5-6 поопасни инциденти. Еднаш завршив со пиштол вперен во глава, по што човекот ми ги зема сите пари кои ги имав во мене.

Животот и се променил во 2010 година кога отецот Драгутин Горичанец и помогонал да излезе од тие кругови.

– По случајна средба ми рече дека може да ми помогне. Не верував дека можам да се спасам, бидејќи знаев само неколу жени кои целосно излегле од оваа работа и останала живи или неповредени. Сега работаm како хигиеничарка. Немам сопруг ниту деца, а нема да можам да имам потомство бидејќи заради здравствени проблеми матката и јајниците ми се одамна извадени. Среќна сум што сум жива. Отсекогаш сонував дека ќе можам да живеам нормалeн живот, ја завршила таа својата животна приказна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top