Со оглед на големиот број информации кои секојдневно се објавуваат на интернет и на социјалните мрежи, невозможно е да се дознае кои од тие информации се вистинити. Ваквите информации често се проблем не само за читателите, туку и за блогерите и новинарите кои некогаш исто така не се сигурни дали некои информации кои имаат намера да ги користат во своите текстови се веродостојни или не. За на читателите и на новинарите да им помогнат во разликувањето на лажните вести од вистинитите, копмјутерското одделение на Велеслеј факултетот неодамна објави интерактивна веб алатка „TRAILS“ која го следи ширењето вести на Твитер.
Оваа алатка ги следи информациите се до нивниот извор-односно кој прв ја објавил, кога и како се ширела по социјалните мрежи и интернет, дали тие и понатаму се шират и со која брзина, кој ја ретвитува и понатаму ја шири приказната и дали се објавени некои деманти на овие информации и кои се главните актери на веста која се следи.
По тестирањето оваа алатка се покажа како мошне корисна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.