| четврток, 6 декември 2018 |

Го потчукна по задникот, казната е црвен картон, пенал и прекин на мечот (видео)

Кога судиите се во главна улога натпреварите честопати имаат чуден тек, а неверојатна работа во режија на делителите на правдата се случи на меч во Хондурас.

Голманот на фудбалскиот клуб Маратон, го потчукна по задникот напаѓачот на Реал Сосиедад и играта сосема нормално продолжи, но само навидум. Помошниот судија реагираше и му сугерираше на главниот арбитар да го исклучи голманот Жуниор Моралес, а притоа беше досуден и пенал.

На таквата одлука се чудеше и публиката и играчите на Реал, секако и тие на Маратон. Гостите донесоа одлука да не го продолжат мечот, а епилогот е три бода за домаќините со службена победа од 3-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top