Минатите два дена во хакерски раце „паднаа“ софтверите на „гугл хром“, „мајкорсофт експлорер 10“ и „мозила фајарфокс“, а освен пребарувачите, совладани се и безбедносните препреки на „јава“,„адоуб флеш плеер“ и „адоуб ридер“. Сето тоа во рамките на хакерски натпревар во Канада.
Единствената програма која што не била хакирана за време на натпреварувањето е таа на компанијата „Епл“, „Сафари“ на „ОС-Ик маунтајн лајон“.
Благодарение на убедливиот пораз над производителите на софтверот, наградниот фонд на натпреварот „Pwn2Own“ во Ванкувер, речиси во целост е потрошен затоа што хакерите освоиле вкупно 480.000 долари.
Освен паричните награди, хакерите во своите домови ќе ги однесат и сите лаптоп компјутери кои што успеале да ги хакнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Од овие српски хакери се тресеше Европа: Две момчиња од Прокупље и Рума ги воделе нападите на сајтови во цел свет
-
Вашингтон: Системите на 21 сојузна држава биле цел на хакери пред ланските избори