| четврток, 6 декември 2018 |

За непрописно поминување улица, казнети 25 гостиварци

казни

Во рамки на вчерашните активности за контрола на однесувањето на пешаците во сообраќајот кога ги преминуваат улиците или се движат по коловоз, во Гостивар, регистрирани се 26 пешаци кои непрописно ја преминувале улицата.

Од СВР-Тетово информираат дека заради таквото однесување лицата ќе се соочат со соодветна глоба, а ќе треба да посетуваат и еднодневна сообраќајна поука.

Такви контроли биле спроведени и во Тетово, кадешто се констатирани вкупно 15 прекршоци. Осум пешаци поминувале на црвено светло, шест се движеле по коловоз, а еден надвор од тротоар. На девет од пешаците-прекршители изготвени им се покани за наплата на глоба од 25 евра во денарска противвредност, додека шест добиле само писмени предупредувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top