| четврток, 6 декември 2018 |

Видете како даваат заклетва новите членови на италијанска мафија (видео)

0000245776-article2

Италианската полиција успеала за првпат да сними тајни мафијашки ритуали посветени на нови членови.

Тоа е направено во текот на истрага, по што во вторникот беа уапсени околу 40 лица, осомничени како припадници на „ндрангетата“, мафијата во јужната област Калабрија.

 – Утврдивме околу 500 случаи на заплашување меѓу 2008 и 2014 г. Често станува збор за изнуда и во повеќето случаи жртвите не поднеле жалби, изјави за новинарите во Милано, судијата Паоло Сторари, кој е вкулчен во акцијата. Италијанската полиција има снимено преку скриени камери, положување на заклетва од мафијаши пред нивните кланови, како и други ритуали на „ндрангетата“.

ndrangheta-concluso-processo-alle-cosche-lomb-l-9nsrck

– За прв пат имаме заклетва на мафијаши снимена во живо, изјавила Илда Бокасини, позната италијанска судијка, раководител во истрагата.

Кадрите прикажуваат нови членови, кои даваат заклетви пред „ндрангетата “ со зборовите: ” Во тишината на ноќта, под светлината на ѕвездите и раскошниот сјај на Месечината“, за да „ги бранам своите браќа“.

Италијански весник цитира снимени зборови на мафијаш, кој вели дека, од овој момент новите членови на групата сами ќе си судат за своите дела и сами ќе си пресудуваат, како што заповеда кодексот на „ндрангетата“.

Истрагата траела околу две години со помош на специјални истражни средства. Прислушувани биле телефони и со камери биле следени тајни места за средби на мафијата. Триесет и седум лица се уапсени, тројца се во домашен притвор. Тоа се главно членови на три клана со бази северно од Милано, но поврзани со калабриските криминални фамилии .

Видете го видеото снимено од италијанската полиција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top