Жените во Индонезија кои сакаат да станат припаднички на полициските служби мора да поминат на тестови за невиност. Иако, тешко е да се поверува дека ова се случува во 21 век, сепак тоа е пракса во оваа земја.
Групата за заштита на човекови права ја критикувале оваа пракса, нарекувајќи ја дискриминаторска и форма на родово насилство.
Официјалните лица во Индонезија уште пред неколку години ветиле дека ќе се откажат од таквата пракса, но Ниша Варија директорка на „Хјуман рајтс воч“ во таа земја вели дека интервјуирала шест полицајки во шест различни градови кои кажуваат друга приказна.
-Официјалните лица во Џакарта мора итно да го прекинат ова тестирање, а потоа и да се уверат дека во сите установи за регрутација да се почитува таа одлука – изјавила Варија.
Видео-снимката со интервјуто е поставена на официјалниот канал на организацијата на Јутјуб. Жените чии идентитети се сокирени, велат дека мораат да поминат низ тој болен и засрамувачки тест „два прста“.
„Хјуман рајтс воч“ истакнуваат дека таа пракса е архаична и многу деградирачка за жените.
– Влегувањето во собата за проверка е многу вознемирувачко. Се плашев дека по тој тест нема да останам невина. Многу болеше. Мојата пријателка дури се онесвести од болка – истакнала една полицајка.
Тестот е еден од условите за жените кои сакаат да се занимаваат со полициска работа, а јасно е наведен на интернет-страницата на полицијата.
– Освен медицинските и физичките тестови, жените кои сакаат да станат полицајки мора да се подложат на тестот за невиност. Сите жени кои сакаат да станат полицајки мора да ја сочуваат својата невиност – се наведува на интернет-страницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.