| четврток, 6 декември 2018 |

Потезите на Груевски пример за понатамошно политичко делување на Вучиќ (видео)

aleksandar-vucic-1361309551-270601

Во Македонија нема проблеми во коалицијата. Господинот Никола Груевски распиша предвремени избори поради трети причини, а не поради проблеми со коалицијата. Секој носи одлука која е најдобра за своите граѓани. Постојат работи кои во одреден момент можете да ги направите. Но за тоа е потребна нова енергија, нова волја, нова снага – вели српскиот премиер Александар Вучиќ во интервју дадено пред  околу половина година. Тој отворено зборува дека на некој начин, политиката на Груевски е негов репер, односно дека потезите на македонскиот премиерот му се пример за понатамошно негово политичко делување.

Тој отворено кажува дека политиките кои претседателот на македонската Влада ги спроведува се исправни, а преземените чекори се во корист на граѓаните и за нивна подобра иднина

Веќе се пишуваше дека Вучиќ Македонија ќе му биде пример за еконоската политика која ќе се спроведува во Србија. Субвенционирање на кредити преку комерцијалните банки, субвенционирано вработување на млади лица, инвестициски услуги за странски компании. Овие мерки, многу добро познати во Македонија, се всушност мерките што ги најави Вучиќ пред околу шест месеци. Тој во интервју за српски Неделник рече дека Македонците успеале да ги привлечат странците што се интересирале да инвестираат во Србија.

-Компаниите кои требаше да инвестираат во Србија се одлучија тоа да го сторат во Македонија. Ќе направиме се идните потенцијални инвеститори да ги натераме да вложуваат во Србија, вели Вучиќ во интервјуто за српски Неделник. 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top