Навивачите на Албанија неколку пати го прекинуваа пријателскиот натпревар со Италија што се одигра во Џенова пред 25 илјади гостински навивачи.
Тројца навивачи на Албанија влетаа на терен со желба да се поздрават со капитенот Лорика Цана, кој се смета за херој на прекинатиот натпревар во Белград против Србија.
За време на првиот прекин во 25 минута, албански навивач се фрли на колена пред Цана со албанско знаме барајќи автограм. Откако капитенот се потпиша на знамето, навивачот го напушти теренот проследен со овации од трибините. Обезбедувањето не реагираше, а тој без никакви проблеми се врати на трибините.
Потоа следуваше уште еден инцидент кога еден од албанските навивачи инсистираше да го бакне Лењани. Натпреварот за последен пат беше во прекин кога трет албански навивач се симна од трибините со желба да се поздрави со Цана.
Натпреварот заврши со резултат 1-0 за Италија, благодарение на автоголот на Салихи во 82 минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја