| четврток, 6 декември 2018 |

Албанци три пати го прекинаа мечот во Џенова – со албанско знаме на колена пред играчите

italija-albanija-foto-ap-1416348976-591413Навивачите на Албанија неколку пати го прекинуваа пријателскиот натпревар со Италија што се одигра во Џенова пред 25 илјади гостински навивачи.

Тројца навивачи на Албанија влетаа на терен со желба да се поздрават со капитенот Лорика Цана, кој се смета за херој на прекинатиот натпревар во Белград против Србија.

За време на првиот прекин во 25 минута, албански навивач се фрли на колена пред Цана со албанско знаме барајќи автограм. Откако капитенот се потпиша на знамето, навивачот го напушти теренот проследен со овации од трибините. Обезбедувањето не реагираше, а тој без никакви проблеми се врати на трибините.

italija-albanija-foto-ap-1416349033-591415

Потоа следуваше уште еден инцидент кога еден од албанските навивачи инсистираше да го бакне Лењани. Натпреварот за последен пат беше во прекин кога трет албански навивач се симна од трибините со желба да се поздрави со Цана.

Натпреварот заврши со резултат 1-0 за Италија, благодарение на автоголот на Салихи во 82 минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top