| четврток, 6 декември 2018 |

Тој е луд по Барби, неговиот партнер по Кен

barbiАмериканскиот колекционер Стенли Колорите, кој себе си се нарекува „Барби мен“ има колекција од 2.000 барбики и 1.000 Кен-кукли. Тој на собирање на својата колекција годишно троши 30.000 долари. Дури четири соби од својата куќа на Флорида ги претворил во храм на куклите, а ја отстапил и бањата. Им купува и облека на барби и Кен, за што има дадено 3.000 долари. Во неговата колекција има и облека за Барби креирана од Оскар де ла Рента, но и авион, мотор, лимузина и камп приколка со комби за куклите.

Неговата страст започнала со една кукла, за денес да основа и добротворно здружение „Барби“. Првата барбика ја купил 1997 година, и од тогаш купува барем 20-тина месечно. Дури и наддава на аукции и бара драгоцени пластични убавици на Ибеј. Купува се што има врска со Барби куклата, па дури и паста за заби.

Најстарата Барби во неговата колекција е произведена во 1962-та година, а ја купил во продавница за половина цена од шест долари.

Колорите живее со својот партнер, 61-годишниот Денис Шликер, кој собира модели од пријателот на Барби, Кен. Откако се запознале пред 13 години, Стенли и Денис редовно ги посетуваат конвенциите за Барби.

Инаку Барби, или Барбара Милисент Робертс слави 54 години. Прв пат се појавила во 1959 година, како производ на компанијата Мател, на саемот за играчки во ЊуЈорк во црно-бел костим за капење. За рекордно време биле продадени околу 350.000 примероци, по цена од 3 долари. За креатаор на Барби се смета Американката Рут Хендлер, која била инспирирана од германската кукла позната како Билд Лили.

Рут Хендлер ја набљудувала својата ќерка Барбара кој си играла со кукли на кои им давала улоги на возрасни од реалниот живот. Тоа и ја дало идејата која му ја соопштила на својот сопруг Елиот, еден од основачите на „Мател”. Досега биле продадени повеќе од милијарда Барбики во повеќе од 150 земји. Произведувачот Мател тврди дека секоја секунда се продаваат по 3 Барбики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top