Неговата страст започнала со една кукла, за денес да основа и добротворно здружение „Барби“. Првата барбика ја купил 1997 година, и од тогаш купува барем 20-тина месечно. Дури и наддава на аукции и бара драгоцени пластични убавици на Ибеј. Купува се што има врска со Барби куклата, па дури и паста за заби.
Најстарата Барби во неговата колекција е произведена во 1962-та година, а ја купил во продавница за половина цена од шест долари.
Колорите живее со својот партнер, 61-годишниот Денис Шликер, кој собира модели од пријателот на Барби, Кен. Откако се запознале пред 13 години, Стенли и Денис редовно ги посетуваат конвенциите за Барби.
Рут Хендлер ја набљудувала својата ќерка Барбара кој си играла со кукли на кои им давала улоги на возрасни од реалниот живот. Тоа и ја дало идејата која му ја соопштила на својот сопруг Елиот, еден од основачите на „Мател”. Досега биле продадени повеќе од милијарда Барбики во повеќе од 150 земји. Произведувачот Мател тврди дека секоја секунда се продаваат по 3 Барбики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.