МВР со соопштение за апсењето на осомничените за убиство на нивниот соселанец. По осум месеци расчистено убиството на трисетгодишното момче, чие тело во фаза на распаѓање беше пронајдено во напуштена куќа во Велешко.
МВР посочува:
Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против две лица од село Горно Оризари поради основи за сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и „помагање“ во извршување кривично дело убиство.
По превземени низа оперативно тактички мерки и истражни дејствија во врска со пронајден машки леш со прострелна рана во пределот на главата на ден 11.04.2014 година, во текот на вчерашниот ден, односно 17.11.2014 година по претходно обезбедена наредба од надлежен суд, извршен е претрес во дом на три лица во село Горно Оризари и лишени се од слобода повеќе лица меѓу кои и сега пријавените.
При тоа, констатирано е дека на ден 24.03.2014 година во вечерните часови, првопријавениот во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ лоцирана на излез од градот кај м.в. „Штипско Џаде“ во непосредна близина на разрушена куќа, со пиштол калибар 7.65мм со еден истрел во пределот на главата го застрелал Бајрам И.(33) од село Горно Оризари, по што го напуштил лице местото.
Второпријавената која е сопруга на првопријавениот, знаела за извршеното убиство но му помагала да не биде откриен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


