Четирисесетидевет годишен маж утрово, околу 7 часот и 30 минути пукал со пиштол во 28-годишната А.Л. По ова се обидел да изврши самоубиство. Починал во болница. Инцидентот се случил во село кај Смедерево кога мажот пукал во својата пријателка. Неофицијално се работи за полицаец кој се обидел да ја убие својата љубовница во нејзината куќа, а потоа и да се самоубие. Полицаецот пред еден месец се обидел да изврши самоубиство, скокајќи од мост, но во таквите намери го запрела полицијата. По ова, бил на лечење на психијатрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



