Уметникот Винсент ван Гог можеби е убиен, тврди судски експерт, цитиран од „Дејли Меил“.
Според досегашната теорија, уметникот со многу проблеми, се самоубил во житно поле крај Париз во 1890 година, но по шокантното тврдење може случајот да се стави на преиспитување.
Доктор Винсент Ди Мајо, експерт за прострелни рани, преиспитал докази од витално значење за пукањето на ван Гог и смета дека уметникот не можел да се застрела сам во градите. Д- р Ди Мајо, клучен сведок во случајот на Џорџ Цимерман, човекот обвинет за пукањето во американскиот тинејџер Трејвен Мартин, користел докази и сведочења од тоа време, за да стигне до заклучокот.
„Венити Фер“ истакнува дека Ди Мајо споделил, според него фаталната рана на ван Гог не изгледа така како што треба, кога станува збор за самоповредување. Според синот на лекарот на уметникот Пол Гаше Џуниор, околу прострелната рана на уметникот имало кафеав и виолетов ореол. Историчарите сметале дека виолетова ореол е предизвикан од близината на пиштолот до градите на ван Гог, а кафеавиот од изгореници од барут.
Зборувајќи за виолетовиот ореол д- р Ди Мајо вели: „Всушност тоа е поткожно крварење од крвните садови растргнати од куршуми и обично се гледа кај луѓето кои живеат уште некое време по застрелувањето. Присуството или отсуството на овој ореол не значи ништо“.
Стратегот додава дека кафеавиот ореол е едноставно амбразивен прстен кој се гледа кај сите влезни рани. Тој само го покажува влезното место на куршуми. Д- р Ди Мајо исто така го поставува прашањето како така ван Гог успеал да се застрела во левиот дел од градите.
– Би било исклучително тешко да се застрела сам во овој дел на градите со левата рака. Најлесен начин би било вклучување на нечии прсти околу задниот дел на рачката на оружјето и да се користи показалецот за да пукне оружјето, вели специјалистот.
– Уште по апсурдно би било да се тврди дека уметникот ја користел десната рака. Тоа би значело неговата десна рака да помине преку градите , но повторно треба туѓа рака, за да се притисне чкрапалото со показалецот и оружјето да произведе истрел, објаснува Ди Мајо.
Експертот додава дека ако се застрелал сам од толку мала далечина, како што се сведочењето од тоа време, тој би требало да има траги од сериозни изгореници по раката. Конечното заклучокот на д- р Ди Мајо вели:
– Моето мислење е дека сите медицински докази покажуваат дека раната на Винсент ван Гог не може да е направен од самоповредување. Со други зборови, тој не се самоубил.
Останува мистерија, ако не пукал самиот уметник, кој пукал. Ван Гог 29 часа се измачувал пред да умре. Ова се случува само неколку дена откако порачал уште бои, што укажува дека имал намера да продолжи да живее.
Се смета дека полицијата кратко го истражувала случајот, но нема останати други податоци од она што можеби го откриле.
Гласини во селото каде ван Гог живеел и починал, од времето на неговата смрт, тврдат дека тој бил убиен од млади момчиња. Некои велат дека бил застрелан случајно од група младинци и одбрал да го прикрие нивниот идентитет, велејќи дека се обидел да се самоубие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





