| четврток, 6 декември 2018 |

Жизел“ вечерва на сцената на МОБ

Gizel

Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен балетот „Жизел“ од Адолф Адам под диригентство на претставата е Бисера Чадловска.

Улогата на Жизел и е доверена на првенката Александра Мијалкова, Алберт го толкува солистот Васил Чичијашвили од Грузија, како Мирта ќе настапи солистката Ивана Коцевска, додека Хиларион е Драган Кочоски.

Сценографијата на Милета Лесковац е обновена од Зоран Костовски, за кореографијата се погрижи Леонид Лавровски од Русија, а костимите се на Александар Ношпал.

Балетот „Жизел“ е во два чина. Првпат е изведен во Париз, далечната 1841 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top