30201952

Секој момент 13 европски јазици можат да исчезнат, а загрозени се дури 33, предупредува УНЕСКО, која наведува дека тие јазици што се на листата веќе се во процес на исчезнување.

Во првата група загрозени јазици се оние кои уште се користат, но ретко. Во другата група се оние кои веќе се во процес на изумирање и со кои се користат само мал број припадници на старите генерации, а младите ниту ги користат тие јазици ниту ги разбираат.

Најзагрозен е готшејскиот дијалект на германскиот јазик. Овој дијалект го користи мала и недоволно проучена група готшејски Германци од словенечниот град Кочевје. Само шест луѓе денеска говорат на галички дијалект на караимски јазик, некогаш многу распостранет на запад на Украина.

На светот преостанаа уште само 20 познавачи на вотскиот јазик со кој некогаш говореле Вотите, народ од Кингисепскиот регион во Ленинградската област во Русија. Килдински и лапонскиот јазик од централниот дел на Колскиот Полуосторв исто така е во сериозна опасност, а според податоците на УНЕСКО, околу 787 луѓе говорат на тој јазик.

На списокот се наоѓаат и осум јазини на народ кој живее во Франција, четири во Велика Британија, три во Шведска, како и јазици во Хрватска (истро-романски кој го говорат 300 луѓе), Бугарија, Италија, Грција, Германија, Финска, Норвешка и Летонија.