| четврток, 6 декември 2018 |

„Пингивните од Мадагаскар“ од 22 ноември во „Синаплекс“

pingvinite od madagaskar

Од 22 ноември во скопското кино „Синаплекс“ ќе почне да се прикажува филмот „Пингвините од Мадагаскар“ – најпрочуените и најурнебесни птици од тајниот свет на шпионажата.

Скипер, Ковалски, Рико и Војник, првокласните ѕвезди на филмот „Мадагаскар“, добија можност да заблескаат на големиот екран. Нивните несекојдневни авантури ќе ги одведат на Антарктикот, во Венеција, во пустина, во Шангај, Њујорк, па дури и во Кентаки,  и ќе се здобијат со светска слава, но ќе мора да ги извршуваат нивните шпионски обврски. Оваа елита ги здружува силите со популарната тајна организација Северен ветер на чие чело се наоѓа згодниот и подмолен Агент Доверливо. Тие заедно мора да го спречат озлогласениот лекар Октавијан Шприц да го уништи нашиот свет. 

pingivnite od madagaskar1

„Пингвините од Мадагаскар“ ќе биде на редовен репертоар од 27 ноември и во другите кина во Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top