Од 22 ноември во скопското кино „Синаплекс“ ќе почне да се прикажува филмот „Пингвините од Мадагаскар“ – најпрочуените и најурнебесни птици од тајниот свет на шпионажата.
Скипер, Ковалски, Рико и Војник, првокласните ѕвезди на филмот „Мадагаскар“, добија можност да заблескаат на големиот екран. Нивните несекојдневни авантури ќе ги одведат на Антарктикот, во Венеција, во пустина, во Шангај, Њујорк, па дури и во Кентаки, и ќе се здобијат со светска слава, но ќе мора да ги извршуваат нивните шпионски обврски. Оваа елита ги здружува силите со популарната тајна организација Северен ветер на чие чело се наоѓа згодниот и подмолен Агент Доверливо. Тие заедно мора да го спречат озлогласениот лекар Октавијан Шприц да го уништи нашиот свет.
„Пингвините од Мадагаскар“ ќе биде на редовен репертоар од 27 ноември и во другите кина во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура