| четврток, 6 декември 2018 |

Кој каде ќе истрча со дресот на Сојузот на иднината

Имињата на кандидатите за градоначалниции на СДСМ и коалиционите партнери

Сојузот за иднината, предводен од СДСМ, поднесе кандидатски листи за советници во Градот Скопје и 73 Општини и го испочитува дополнителниот рок за поднесување на кандидатски листи којшто беше до синоќа на полноќ.

Од вкупно 73 кандидати, шест кандидати се од коалиционите партнери на СДСМ – ЛДП, НСДП, ВМРО-Народна партија и Достоинство, додека останатите се кандидати од СДСМ.

НСДП има свој кандидат во Зелениково и Могила, ВМРО-Народна партија има свој кандидат во Конче и Македонска Каменица,  Достоинство во Карбинци, а ЛДП во општина Центар.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат заеднички кандидат во Кичево и во Струга.

-Имајќи ја предвид специфичнoста на Струга и Кичево, и во духот на внатрепартиската демократија и почитување на барањата на нашите членови и поддржувачи од овие општини, општинските организации на СДСМ одлучија во овие две општини да се поднесат заеднички листи на Сојузот за иднината со коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ –  се вели во соопштението на СДСМ.

Општина

Партија

Кандидат за градоначалник

град Скопје

СДСМ

Јани Макрадули

Аеродром                   

СДСМ

Диме Велковски

Битола                            

СДСМ

Менде Диневски

Богданци                            

СДСМ

Зоран Прочков

Бутел                                

СДСМ

Коста Начевски

Берово                   

СДСМ

Звонко Пекевски

Босилово

СДСМ

Жанко Зимбаков

Брвеница

СДСМ

Мирко Јовчевски

Велес                    

СДСМ

Аце Коцевски

Василево

СДСМ

Васил Коцев

Виница

НСДП

Венцо Вуинов

Врапшиште

СДСМ

Жуко Филиповски

Валандово

СДСМ

Тихомир Шунтов

Вевчани

СДСМ

Сашо Јанковски

Гевгелија                  

СДСМ

Саве Марачков

Гостивар                             

СДСМ

Зоран Ангелов

Гази Баба

ВМРО НП

Борче Стефановски

Градско

СДСМ

Љупчо Иванов

Дебарца                 

СДСМ

Љупчо Којчиновски

Делчево  

СДСМ

Голуб Ангелов

Демир Хисар

СДСМ

Драган Јовановски

Демир Капија

СДСМ

Зоран Мишев

Долнени

СДСМ

Изудин Каришиќ

Дојран

СДСМ

Никола Ајцев

Ѓорче Петров

СДСМ

Александар Наумовски

Зрновци

СДСМ

Ванчо Митев

Зелениково

НСДП

Томе Неделковски

Илинден

СДСМ

Миле Велиновски

Јегуновце                         

СДСМ

Дарко Блажевски

Кавадарци                                    

СДСМ

Бетиан Китев

Кисела Вода                      

СДСМ

Љупчо Васовски

Кратово

СДСМ

Зоран Митевски

Карпош       

СДСМ

Андреј Петров

Карбинци

Достоинство

Ристе Бањаглав

Крива Паланка

СДСМ

Горанчо Младеновски

Кривогаштани

СДСМ

Владо Божиновски

Крушево

СДСМ

Ташули Јуца

Куманово                          

СДСМ

Зоран Дамјановски

Кочани

СДСМ

Миле Андонов

Конче

ВМРО НП

Тони Петров

Лозово

СДСМ

Аце Велков

Маврово и Ростуше

СДСМ

Самир Ајдини

Македонски Брод

СДСМ

Анета Симеска Димоска

Македонска Каменица

ВМРО НП

Стојан Јефремов

Могила

НСДП

Томе Стојановски

Неготино

СДСМ

Силвана Филипова

Ново Село

СДСМ

Петар Спасов

Новаци

СДСМ

Мендо Талевски

Охрид                                   

СДСМ

Александар Петрески

Пехчево

СДСМ

Драган Тренчевски

Прилеп                           

СДСМ

Хари Локвенец

Пробиштип

СДСМ

Славчо Николов

Петровец

СДСМ

Перо Арсовски

Ресен

СДСМ

Јордан Проевски

Ранковце

СДСМ

Момчило Алексовски

Росоман

СДСМ

Анета Јоновска Љубенова

Радовиш

СДСМ

Игор Милев

Струмица 

СДСМ

Зоран Заев

Сопиште

СДСМ

Љупчо Кец Мицковски

Свети Николе

СДСМ

Кире Алексов

Старо Нагоричани

СДСМ

Радивоја Димковски

Тетово                      

СДСМ

Ивица Зориќ

Чешиново и Облешево

СДСМ

Горан Крстев

Чашка

СДСМ

Марина Андова

Чаир

СДСМ

Трајче Неделковски

Центар

ЛДП

Андреј Жерновски

Штип                            

СДСМ

Здравко Коцев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top