ВМРО-ДПМНЕ презентираше дел од програмата на кандидатката за градоначалник на Карпош, Јагнула Куновска, посветена на решавањето на проблемите на граѓаните во населбата Злокуќани. Носителот на советничката листа од оваа партија Сашо Лазаревски информираше дека во програмата на Куновска, која содржи 117 проекти, има десетина наменети за оваа населба. Меѓу нив се реконструкција на ракометно игралиште, отворање на индустриска зона Лепенец, изградба на локален зелен пазар, покривање на отворениот канал за наводнување, субвенционирање проекти за дупчење за надоднување на земјоделски површини и дворови, како и уредување на кејот на Вардар.
-Како што можете да видите нашите проекти не се само самостојни, туку се во соработка со Градот Скопје и Владата на Република Македонија. Таа соработка ќе ја подобриме и продолжиме. Разликата помеѓу Стевче Јакимовски и Андреј Петров и нас е тоа што за нас делата зборуваат. Истото ќе биде и со Карпош, бидејќи и Карпош заслужува да има издржани проекти. Ветуваме дека ќе го подобриме живеењето во секое населено место, без никаква дискриминација дали на одредена локација живеат наши членови или не – рече Лазаревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.