| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатни одбрани, Ина Суслина ја крена публиката на нозе

Ина Суслина е една од најдобрите голманки на планетата, име и презиме во свесткиот женски ракомет, а вечерва против Будуќност приреди вистинско шоу со 15 одбрани.

Дел од нив беа неверојатни, во ситуации еден на еден, а голманката на Вардар лесно ги апсолвираше ударите на ракометарките на Будуќност и ја креваше публиката на нозе.

Рекордот од 27 одбрани против Турингер веројатно е недостижен, но и вечерва Суслина брани во голем стил.

ina-suslina

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top