| четврток, 6 декември 2018 |

Зијадин Села се закани: Доколку концесионерите на плажите не ги вратат во првобитна состојба – ќе ги рушиме ние!

Општина Струга ќе ги руши плажите од оние концесионери на кои им истекол договорот, доколку истите не ги вратат во првобитна состојба, објави „Охрид 1“. Ова значи дека концесионерите по истекот на догворот треба да ги рушат шанковите, тврдата градба и да ја отстранат целокупната урбана опрема, затоа што договорот плажите треба да ги остават во иста состојба како што биле во моментот кога ги зеле под концесија.

EMI_2530

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села вели дека општината нема да го толерира никого, кој нема да ги почитува законските прописи.

-Законот за концеси е многу јасен. Плажите се даваат под концесии, на не повеќе од пет години. Од друга страна концесионерите си имаат договор и треба плажите да ги вратат во првобитна состојба, а ако не се случи тоа ние ќе ги рушиме, категоричен е Села.

Инаку според деталниот урбанистички план на општина Струга, се предвидува неискористеното крајбрежје од Струга до Калишта да се напрват нови плажи, со кои ќе стопанисува општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top