| четврток, 6 декември 2018 |

Чудата на Металург, едвај заминаа за Шпанија, а имаат нерешено 13-13 со Ла Риоха

Вистинско чудо во Логроњо приредува македонскиот првак Металург и по половина час игра има нерешен резултат 13-13, против Ла Риоха во меч од петтото коло во Лигата на шампионите.

Кризата кај Металург, кавгите на релација играчи-тренер, предизвика да отпатуваат за Шпанија само со домашни ракометари, но и десеткувани момците од Скопје покажаа карактер и големо срце по првите 30 минути. Металург дури и водеше во финишот со 13-12, но примија гол во последните секунди за реми на полувремето.

metalurg-kil-6

Загрижува што кај македонскиот првак има само тројца ракометари кои постигнаа голови. Лидер е Ренато Вугринец со 5 прецизни удари, Филип Миркуловски даде 4 гола, а Ванчо Димовски постигна 3 погодоци.

Мечот е исклучително значаен за двата состави. Со евентуална победа Металург има одлични шанси да ја мине првата фаза по групи во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top