| четврток, 6 декември 2018 |

По ударот, жртвата била влечена 15 метри кон центарот на Скопје

туарег

Заедно имале 36 години. Жртвата и возачот што го удрил. Дождот ги изми трагите од синоќешната трагедија која се случи на скопскиот булевар Теодосиј Гологанов и во која загина малолетно момче.

Првичните информации се дека 20 годишниот возач од Батинци го удрил 4 години помладиот скопјанец на пешачки по што жртвата била повлечена уште 15-тина метри во правец кон центарот на градот,  објави Канал 5.
Кога момчето паднало на асфалтот веднаш притрчале вработени во блискиот сервис за перење возила. Тие излегле на улица и им сигнализирале на останатите возачи дека има човек на патот за да не го прегазат. Итната помош стигнала за минута, велат вработените во сервисот и лекарите им кажале дека момчето има пулс.
Но во болница им подлегнал на тешките повреди. 20-годишниот возач бил потресен по што и него полицајците го префрлиле во болница. Информацијата за смртта на 16-годишниот средношколец предизвика шокираност која беше изразувана по социјалните мрежи, а фејсбук профилот на жртвата синоќа беше угаснат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top