| четврток, 6 декември 2018 |

Георгиевски: Делата на ВМРО-ДПМНЕ влог за идните генерации

georgievsakiНајголем дел  од 10.112 проекти предвидени со  програмите на 70-те кандидати за градоначаници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, се однесуваат на подобрување, реконструкција и доизградба на патната мрежа во општините. Љупчо Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ вели и дека локалниот развој кој е директно зависен од добрата патна инфраструктура, останува еден од приоритетите.

– Како партија, изминатиов период за свој приоритет ја зацртавме обновата на локалната и регионална патна мрежа, како и изградбата и реконструкцијата на нови улици и булевари. Тоа се патишта кои најчесто се користат од граѓаните и од кои најмногу зависи локалниот развој. Благодарение на таквите инвестиции по подолго време голем број населени места добија асфалтирани патишта, а со тоа и непречена комуникација со градовите и центрите на општините – истакна Георгиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top