| четврток, 6 декември 2018 |

Протест на ултрадесничари против исламскиот екстремизам во Хановер

протсети

Ултрадесничари и хулигани одржаа синоќа протест во Хановер без ниту еден инцидент, против исламскиот екстремизам, наспроти стравувањата од можни судири по насилниот сличен протест минатиот месец.

Околу 3.000 радикални фудбалски фанови и ултрадесничари ширум Германија, се собраа во северниот град Хановер под паролата „Хулигани против салафисти“, соопшти германската полиција.

Полицијата распореди околу 5.000 свои припадници и пријавени се само мали индиценти.

На минатомесечните антисалафистички протести во Келн повредени беа над 50 полицајци, и уапсени се шестмина демонстранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top