| четврток, 6 декември 2018 |

Во СДСМ врие поради советничките листи

После нескриеното незадоволство на членовите на СДСМ во Центар од назначувањето на Андреј Жерновски од ЛДП за кандидат за градоначалник, револтот во општинската организација на СДСМ дополнително се зголеми и со објавувањето на листата на советници.

Имено, на социјалните мрежи се шират пораки од незадоволни членови на раководството на огранокот на најголемата опозициска партија поради советничката листа на опозициската коалиција за општина Центар.

centar nova

Причината за внатрепартиските превирања во СДСМ е поради начинот на кој се изготвувани советничките листи, а дел од медиумите вчера пренесоа дека несогласувања во најголемата опозициска партија излегоа на виделина по почетниот митинг од предизборната кампања во Струмица. Исто така, покрај во Центар, големи несогласувања за составувањето на советничките листи имало и во Велес, Битола, Крива Паланка и Кавадарци.

Вo пораката која се шири по социјалните мрежи се вели дека не е испочитувана процедурата при изготвувањето на кандидатската листа за Центар, што е причина за незадоволството.

Покрај во Центар , Битола и Велес, според локален портал од Крива Паланка врие и во штабот на СДСМ од овој град. На вчерашниот состанок на кој се одлучувало за кандидатите за советници кои ќе бидат предложени од страна на СДСМ се создала тензична атмосфера на која за малку е избегнат поголем инцидент.

-Од очевидци кои присуствувале на лице место на настанот кажуваат дека е создаден невиден хаос при изборот на кандидатите за советници, при што најголем дел од старите членови не дозволуваат сегашниот претседател Љупчо Николовски да биде на листата на советници поради слабите изборни резултати од предходните изборни циклуси како и поради слабото работење во неговиот мандат како советник, па најверојатно претседателот нема да биде дел од листата, со што се доведува во прaшање неговиот кредибилитет како претседател на Општинската Организација. Исто така голем е револтот на членовите кон досегашниот советник Борјанчо Мицевски поради тоа што воопшто не допринесува за партијата долг временски период, впрочем тој е вработен во друг град, а само користи привилегии од истата. На состанокот се дискутирало на висок тон и како што потврдуваат очевидците претседателот Љупчо Николовски, бил приморан заедно со неколку блиски негови соработници, да се заклучат и во заклучена просторија да ги носат одлуките за тоа кој ќе бидат кандидатите за советници. Конечна одлука сеуште не е донесена иако се дискутирало до доцна во ноќта, пишува порталот simit.mk.

Незадоволство има и во кавадаречкиот огранок на СДСМ.

Kavadarci

За внатрешните превирања во СДСМ вчера пишуваше и неделникот “Фокус”, каде се констатира дека струмичкиот градоначалник и кандидат за нов мандат Зоран Заев уште на почетокот на кампањата останал без поддршката на истакнатите сопартијци, Андреј Петров, Игор Ивановски, Јани Макрадули, Зоран Јовановски и Ана Павловска – Данева. Заев го поддржувале претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, заедно со лидерите на Достоинство и ВМРО-НП, Стојанче Ангелов и Љубчо Георгиевски.

Според пишувањата на неделникот, евидентно е дека струмичките социјалдемократи го поддржуваат Заев, а никој не го скандирал името на лидерот на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top